Египет сè уште е главен трговски партнер на Русија во Африка

61

Трговскиот промет меѓу Русија и Египет  се зголеми за 16 отсто во 2023 година, објави  руското Министерство за индустрија и трговија.

Министерот за индустрија и трговија Антон Алиханов истакна дека „и покрај надворешните предизвици и ситуацијата во светот, трговскиот промет меѓу двете земји покажува солиден раст во последните години“, пренесе ТАСС.

„И оваа година се задржа позитивна динамика, бидејќи прометот во првата половина на 2024 година е зголемен за една третина“, додаде тој.

По средбата со египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати, Алиханов нагласи дека во меѓувреме „рускиот бизнис покажува голем интерес за проширување на своето присуство на египетскиот пазар“.

„Египет сè уште е главен трговски партнер на Русија во Африка“, истакна министерот.