Вкупниот прилив на странски директни инвестиции (СДИ) на крајот на јули изнесува 501,96 милиони евра, а во исто време од земјата излегле 207,16 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка (ЦБЦГ).
Приливот на странски директни инвестиции во форма на капитални инвестиции изнесува 302,11 милиони евра, што е 60,19 отсто од вкупниот број. Од нив 237,25 милиони евра се инвестирани во недвижен имот, а 64,86 милиони евра во фирми и банки.
Приливот на СДИ во вид на меѓукомпаниски долг изнесува 181,24 милиони евра, што е за 15,02 отсто повеќе во однос на споредливиот период од претходната година.
Нето-приливот на странски директни инвестиции или разликата меѓу нивниот прилив и одлив на крајот на јули изнесува 294,8 милиони евра, што е за 6,64 отсто повеќе во однос на истиот период лани.
„Вкупниот прилив на странски директни инвестиции е помал за 0,84 отсто во однос на споредбениот период“, се наведува во Билтенот.
Од земјата се одлеале 56,32 милиони евра по основ на инвестиции на резиденти во странство, а повлекувањата на средства од нерезиденти инвестирани во Црна Гора изнесуваат 150,84 милиони.