Ова е најдобриот трик за штедење: Доколку импулсивно купувате, ова ќе ве интересира

Еден од одличните начини да заштедите пари на импулсни купувања на работи што навистина не ви се потребни е да го одложите купувањето за 30 дена.

Имено, секое непотребно купување одложете го за 30 дена подоцна, па ако сепак навистина ја сакате таа ситница, само тогаш дозволете си ја, откако ќе размислите добро.

Ако целосно заборавите на тоа купување или одлучите дека не вреди, ќе заштедите пари што речиси ги потрошивте.

Со тоа што чекате да купите, си дозволувате да избледите од емоциите што сте ги доживеале кога сте виделе производ. Така, со текот на времето ќе ви се намали импулсот за импулсивни купувања и повеќе ќе внимавате на она што го трошите, пренесува 24sata.hr.