Се гради најголемиот аеродром во Африка вреден шест милијарди долари

261

Авиокомпанијата „Етиопијан ерлајнс“ потпиша договор со консултантската куќа Дар од Дубаи за изградба на „мегааеродром“, најголем во Африка, вреден шест милијарди долари во близина на главниот град Адис Абеба, објавија државните медиуми.

Новиот аеродром со четири писти ќе опслужува 100 милиони патници годишно, ќе бидат потребни пет години за да се изгради, изјави извршниот директор на Етиопијан ерлајнс, Месфин Тасев за новинарите во петокот.

– Првата фаза ќе биде изградба на аеродромски инсталации со капацитет за 60 милиони патници годишно, а со завршување на втората фаза ќе се зголеми на 100 милиони патници годишно – рече Тасев.

„Ethiopian Airlines“ е најголемата авиокомпанија во Африка со обрт од седум милијарди долари во 2023/2024 година и превезува 17,1 милиони патници.