Доларот благо зајакна, цената на нафтата порасна

97

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна, откако минатата недела падна за 0,4 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 100,80 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 100,74 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 143,85 на 144,10 јени.

Сепак, американската валута благо ослабна во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1165 долари, додека во петокот вечерта беше 1,1160 долари.

Цените на нафтата, пак, дополнително се зголемија, откако минатата недела скокнаа за повеќе од 4 отсто.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,82 отсто, на 75,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,92 отсто, на 71,65 долари.