Бугарија ќе побара од ЕК да го забрани увозот на јајца од Украина

115

Бугарија ќе бара прекин на увозот на јајца со потекло од Украина на претстојниот состанок на Советот на Европската Унија за земјоделство и рибарството во Брисел, наведува БНР. Се очекува за време на нивната средба министрите за земјоделство на земјите членки да разговараат за ситуацијата на земјоделските пазари како резултат на рускиот инвазија на Украина.

На инсистирање на Здружението на одгледувачи на живина, Бугарија ќе побара забрана за увоз на украински јајца, рече министерот Георги Тахов.

„Не можеме ништо без дозвола од Европската комисија. Веќе го направивме првиот чекор. Јајцата ги означивме како стока со зголемена царина, но сега ќе направиме уште еден чекор. На состанокот ќе побарам целосна забрана “, додаде Тахов.