Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на златото и нафтата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:25 часот порасна на 18.997,75 поени, британскиот FTSE 100 на 8.297,32 поени, францускиот CAC 40 на 7.607,26 поени, а московскиот MOEX на 2.838,37 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс скокна на 42.124,65 поени, индексот S&P 500 на 5.718,57 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.974,27 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 71.302 долари, а на нафтата од типот брент на 74.721 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси за гас по цена од 36,295 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.628,13 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5.8204 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,11196, што е приближно исто како и во понеделникот.