⛽Цената на нафтата падна на најниско ниво во последните три месеци, Брент се спушти под 90 долари за барел

Цените на нафтата денес паднаа на најниско ниво во последните три месеци, при што суровата нафта  Брент падна на околу 89,50 долари за барел.

Во исто време, американската сурова нафта WTI падна на приближно 80,5 долари, под влијание на зголемената понуда од Либија и повисоките испораки од Блискиот Исток, објави „Трејдинг економикс“.

Падот на цените следеше по рестартирањето на либискиот нафтовод Шарара, додека Националната нафтена корпорација на Либија соопшти дека суровата нафта почнала да ги полни резервоарите за складирање во објектот Акакус во Завија.