Kолку е задолжен светот?

Macro shot of financial concept

Глобалниот долг достигна рекордни 312 трилиони долари на крајот на вториот квартал од 2024 година, пред сè поради растот на задолжувањето во САД и Кина, покажуваат  објавените податоци од Институтот за меѓународни финансии (IIF).

Освен Кина и САД, долгот го зголемија и Индија, Русија и Шведска, а значително намалување забележаа другите европски земји и Јапонија.

Глобалниот долг се зголеми за 2,1 трилиони долари во првата половина од годината и постои можност ситуацијата дополнително да се влоши поради намалувањето на каматните стапки, пренесува Ројтерс.

Зголемувањето на задолжувањето во голема мера е последица на енергетската транзиција и преминот кон обновливи извори на енергија, според ИИФ.

Глобалниот однос на долгот и БДП – показател за способноста за отплата на долгот во споредба со произведеното – се стабилизира помеѓу 327 и 328 проценти, се вели во извештајот.

На пазарите во развој, односот на долгот и БДП достигна ново највисоко ниво од 245 проценти.

Авторите на извештајот велат дека се загрижени поради очигледниот недостаток на политичка волја за справување со проблемот со долгот – и во напредните економии и во пазарите во развој.

Фото: Freepik