Русија планира да го зголеми производството на нафта на 540 милиони тони годишно

116

Русија планира долгорочно да го зголеми производството на нафта на 540 милиони тони годишно, изјави  вицепремиерот на Русија Александар Новак.
Минатата година Русија произведе 531 милион тони нафта. Руското производство на нафта би можело да достигне 540 милиони тони годишно во 2036 година и да остане на тоа ниво до 2050 година, според сценариото на целната енергетска стратегија што го виде ТАСС.

Меѓународниот форум „Недела на руската енергија“ започна вчера во Москва и ќе трае до 28 септември, а главна тема на овогодинешниот собир е „Енергетската соработка во мултиполарен свет“, се вели во најавата на форумот.