Топ 20 градови за соло патници

25

Во последно време, соло патувањето станува сè попопуларно и многу луѓе излегуваат од својата комфорна зона и одлучуваат сами да истражуваат други земји и култури.

Kayak и OpenTable ги анализираа градовите ширум светот врз основа на најмногу пребарувања за индивидуално патување, а потоа ги анализираа податоците како што се безбедноста, достапноста, рејтингот на хотелите и културното богатство. Конечно, беше спроведена онлајн анкета за да се утврди колку градовите се пријателски за соло патниците.

Ви ги пренесуваме нивните резултати за топ 10 соло дестинации за патување низ светот

Берлин
Првото место на листата го зазеде германската престолнина Берлин. Без разлика дали сакате да ја истражувате историјата на градот и да ги видите остатоците од Берлинскиот ѕид или да ја поминете ноќта забавувајќи се во ноќните клубови, Берлин на соло патниците им нуди можност да искусат град кој е топол и динамичен.

Според нивните резултати, просечниот оброк чини околу 28 евра, а хотелската соба околу 150 евра од вечер, што го прави германскиот главен град добар за оние кои мораат да се држат до буџетот.

Ванкувер, Канада
На второ место е Ванкувер, Канада, град кој, според истражувањето, претставува рамнотежа на урбана софистицираност и природна убавина. Познат по својата безбедност и неверојатните погледи, Ванкувер е идеален за сите оние кои подеднакво уживаат во метежот и вревата на градот и природата.

Монтреал, Канада
Монтреал, уште еден канадски град, го освои третото место. Град на фестивали, храна и култура, Монтреал нуди возбудливо културно искуство. Покрај тоа, тој е високо оценет за безбедност и достапност, што го прави одличен избор за соло патници.

Доколку сакате да останете само во Европа, на листата освен Берлин се уште четири европски градови. Париз, Милано и Даблин го зазедоа четвртото, петтото и шестото место на оваа листа. На последното место се најде главниот град на Обединетото Кралство, Лондон.

Составен е список и за оние кои сакаат да патуваат во САД
Доколку имате голема желба да одите во Америка и да ја посетите Белата куќа, Статуата на слободата или некои други знаменитости, Kayak и OpenTable составија листа од 10 дестинации за соло патување во САД.

Вашингтон е на прво место. Тој е високо оценет поради многуте бесплатни атракции, што го прави одличен избор за соло патници.

Бостон следи веднаш зад него. Богат со историја, главниот град на Масачусетс им нуди на соло патниците шанса да уживаат во музеи од светска класа и да вечераат во некои од најдобрите ресторани за морска храна во земјата.

Чикаго, место познато по архитектурата, уметничката сцена и одличната пица, е на третото место.

Топ 10 соло дестинации за патување во САД:

Вашингтон, Д.Ц
Бостон, Масачусетс
Чикаго, Илиноис
Атланта, Џорџија
Солт Лејк Сити, Јута
Тампа, Флорида
Филаделфија, Пенсилванија
Сиетл, Вашингтон
Лос Анџелес, Калифорнија
Њујорк, Њујорк