Цените на нафтата благо пораснаа на азиското тргување денеска.
Тргувањето според извештаите на странските новински агенции, во отсуство на поважни вести се одвива без потреси.
Барел тексашка нафта од 159 галони за испорака во ноември чинеше 68,29 долари утрово по средноевропско време, што е за 12 центи повеќе од понеделникот. Во Лондон, декемвриските фјучерси на северноморската сурова нафта „брент“ исто така се зголемија за 12 центи досега на 71,82 долари за барел.