Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради канадското воведување дополнителни царини за електрични возила (ЕВ) произведени во оваа азиска земја, соопшти кинеското Министерство за трговија.
Пекинг смета дека царините за кинеските ЕВ и другите производи од челик и алуминиум во Канада се „репресивна мерка“ која е незаконска.
Кон крајот на август, Канада објави 100 отсто увозни давачки за електрични возила од Кина и царини од 25 отсто за челик и алуминиум, при што овие мерки стапија на сила на 1 октомври.