Продажбата на Volvo Cars во септември е зголемена за еден процент на годишно ниво, односно на 62.458 автомобили, објави шведскиот производител на автомобили, нагласувајќи дека пазарот во автомобилскиот сектор се уште е нестабилен и неизвесен.
Volvo Cars, кој е во мнозинска сопственост на кинескиот Geely Holding, исто така во соопштението за печатот наведува дека вкупната продажба во Европа, најголемиот пазар за Volvo Cars, се зголемила за 23 отсто, додека продажбата во САД и Кина паднала за 22 и 16 проценти, соодветно.
„Севкупната слика на пазарот останува нестабилна и неизвесна, но ние сме охрабрени од добрите резултати во Европа, особено за нашето портфолио на електрифицирани автомобили“, рече заменик извршен директор и главен комерцијален директор Бјорн Анвол во изјавата.
Продажбата на целосно електрични и plug-in хибридни модели порасна за 43 отсто, објави Ројтерс и сочинуваше 48 отсто од сите продадени автомобили во септември, додека уделот само на целосно електрични автомобили сочинуваше околу четвртина од продадените автомобили во текот на месецот.