На Волстрит претпазливост поради ситуацијата на Блискиот Исток

113

На Волстрит се тргува внимателно, па индексите стагнираа додека инвеститорите ја следат ситуацијата на Блискиот Исток и чекаат извештај од американскиот пазар на труд кој може да влијае на насоката на пазарот.

Dow Jones зајакна 0,09 отсто, на 42.196 поени, додека S&P 500 порасна за 0,01 отсто, на 5.709 поени, а индексот Nasdaq 0,08 отсто, на 17.925 поени.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи стравуваат од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток откако Иран во вторникот истрела низа ракети врз Израел како одмазда за израелската офанзива против сојузниците на Техеран Хезболах во Либан.

Израел рече дека ќе одговори на Иран, додека американскиот претседател Џо Бајден рече дека не поддржува напад врз иранските нуклеарни локации како одговор на иранскиот ракетен напад.

Економијата во добра состојба
Инвеститорите вчера беа фокусирани и на податоците од американскиот пазар на труд, кои покажаа дека бројот на вработени во приватниот сектор во септември се зголемил повеќе од очекуваното.

Ова е добра вест бидејќи покажува дека економијата е во добра состојба, но лоша вест за оние инвеститори кои сакаат дополнително нагло намалување на каматните стапки од страна на американската централна банка.

Во петок ќе биде објавен официјалниот владин извештај за вработеноста во септември, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот.