TripAdvisor ги избра десетте најдобри плажи во светот

122

Платформата за љубителите на патувањата TripAdvisor  ги заокружи критиките и ги прогласи најдобрите плажи во светот оваа година.

Португалската Praia da Falésia го држи првото место. Носи сино знаме за чистота, а пофалби се и за незаборавниот поглед од врвот на карпата.

–  Praia da Falésia е позната по своите драматични карпи, златен песок и пенливо сино море. Сончајте се на огромната плажа, пливајте или сурфајте на брановите или прошетајте по живописната патека на врвот на карпите и уживајте во неверојатната глетка – пишува TripAdvisor за оваа плажа. Велат дека со јавен превоз лесно се стигнува до плажа.
На второ место е плажата Conigli во Италија, а на трето е La Concha во шпанската Баскија.

Четвртото место го зазеде плажата Ka’anapali Beach на Хаваите, петтото место ГGrace Bay во Грејс Беј, шестото местоAnse Lazio на Сејшелите, а зад тоа беше плажата Manly Bech во Сиднеј. Eagle Beach Аруба, Siesta Beach Флорида и Varadero во Куба ги заземаат последните три места во првите десет.