Мајкрософт инвестира 4,3 милијарди евра во Италија

93

Американскиот софтверски гигант Мајкрософт најави инвестиција од 4,3 милијарди евра во инфраструктурата за вештачка интелигенција и управување со податоци во Италија, скицирајќи ги контурите на центар кој треба да го опфати целиот Медитеран и Северна Африка.
ItalyNorth ќе се рангира меѓу најголемите центри за податоци на Microsoft во Европа и ќе биде центар за податоци за Медитеранот и Северна Африка, соопшти компанијата. Најавените инвестиции ќе траат во период од две години, додаваат во соопштението за медиумите објавено во средата.

Претседателот на Мајкрософт Бред Смит се сретна со италијанската премиерка Џорџa Мелони, соопштија од кабинетот на премиерот. Рим изрази задоволство од инвестицијата која ќе ја зајакне дигиталната улога на Италија во Медитеранот, посочија тие.