Несигурните времиња ја зголемуваат вредноста на доларот

55

Доларот силно порасна во однос на кошницата валути минатата недела, бидејќи се смета за безбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња и бидејќи шпекулациите дека американската централна банка нагло ќе ги намали каматните стапки стивнаа.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела скокна за 2,1 отсто на 102,49 поени, блиску до највисокото ниво за месец и половина.

Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот падна за 1,7 отсто, на 1,0975 долари.

Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 4,6 отсто, па нејзиниот курс скокна на 148,70 јени.

По четири недели пад, минатата недела вредноста на доларот во однос на кошницата валути го забележа најголемиот неделен скок од септември 2022 година.

Сè уште се чека одговорот на Израел, а таа тензија го поддржува доларот бидејќи американската валута се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња.

Силните податоци од американскиот пазар на труд обезбедија дополнителен поттик на доларот. Во петокот беше објавено дека бројот на вработени во септември е зголемен за 254.000, значително повеќе од очекуваното, додека стапката на невработеност се лизна на 4,1 отсто.