Вo 1966 година, Erewhon првпат ги отвори своите врати како една од првите американски продавници за здрава храна. Иако брзо стана популарен, вистинската трансформација се случи во 2011 година, кога претприемачот Тони Анточи го купи и го претвори во луксузен супермаркет, особено привлечен за познатите личности.
Со текот на годините, Erewhon се прошири и сега има 10 продавници низ Лос Анџелес, вклучувајќи ги и престижните локации како што се Fairfax, Venice Beach и Calabasas. Денес е познат како еден од најскапите супермаркети во Америка, а според Форбс, купувањето во Erewhon може да биде поскапо од 50 до 100 долари во споредба со обичните супермаркети.
Познатите личности ја сакаат оваа продавница
Erewhon стана многу популарен меѓу љубителите на здравата храна во последните неколку години, а голем дел од таа популарност им се должи на познатите личности како Кортни Кардашијан, Бела Хадид и Хајли Бибер, пишува магазинот Тапас. Тие го избраа Erewhon како омилено место за пазарење, со што на супермаркетот му дадоа статус на симбол на животен стил, а не само на обична продавница.
Овој тренд го препознаа и други ѕвезди, како Сабрина Карпентер, Кара Делевињ, Џејден Смит, Ешли Бенсон, Кендал Џенер, Каја Гербер, Џејк Гиленхал, Деми Ловато, Кети Пери, Хилари Даф, Мајли Сајрус и многу други, што го прави Erewhon синоним за луксузна и здрава храна поврзана со елитата.