Цените на нафтата на светските пазари скокнаа за повеќе од 8 отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 8,5 отсто, на 78,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 9,1 отсто, на 74,38 долари.
Поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, се случи најголемиот неделен скок на цените за повеќе од една година
Најголемиот неделен скок на цените во повеќе од една година главно се должи на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, откако Иран во вторникот истрела низа ракети врз Израел како одмазда за израелската офанзива против сојузниците на Техеран Хезболах во Либан.
Израел рече дека ќе му одговори на Иран, додека Вашингтон го поддржа Израел во тоа. Сепак, американскиот претседател Џо Бајден рече дека не поддржува напад врз иранските нуклеарни локации како можен одговор.
Пазарот затоа шпекулираше дека Израел може да ги нападне иранските рафинерии или главниот извозен терминал на островот Харг со цел да го намали приходот на Техеран од извозот на деривати.