На овој остров ништо не е обично, а се е крајно екстремно. Овде ноќта и денот траат со месеци, маглата е најгуста, луѓето се праведни, а градовите најмали. Така е и со цените, и тие се екстремни, но во негативна смисла на зборот.
Исланд е најскапиот остров во Европа, цените се за 56% повисоки во просек во споредба со остатокот од Стариот континент. Ова ја прави најскапата европска земја. Според податоците на Евростат, Европската комисија за обезбедување статистички податоци, Исланд официјално е пред сите, пред Швајцарија, Норвешка и Данска, земји кои традиционално важат за екстремно скапи.
Во Исланд сè е многу поскапо, како за туристите кои доаѓаат да ја посетат земјата на огнот, водата и мразот, така и за локалното население до одреден степен. Тоа најдобро се гледа во рестораните и кафулињата, каде на пример, мала пица чини околу 20 евра, а мало пиво околу 10. Ако нарачате плескавица, ќе платите 25, а ако сакате супа, ќе мора плати најмалку 15 евра.
Но, ваквите цени не се резервирани само за ресторани, туку и за маркети и продавници. Во просек за 10 јајца ќе платите околу 8 евра, додека килограм месо чини нешто под 30 евра.
Исланд има околу 350.000 жители, а поради негостољубивата и сурова клима и природа увезуваат сè, па разбирливо е дека имаат високи цени на производите. Речиси ништо не им оди, а освен царина имаат и трошоци поврзани со превоз на стока.
Просечната плата без даноци во Исланд е околу 4.500 евра, што доволно зборува за високиот стандард на населението. Но, ако се додаде дека просечниот еднособен стан за изнајмување е околу 1.300 евра месечно, сосема е јасно дека цените сè уште се нереално високи.
Покрај сето горенаведено, земјата на Викинзите доживува сè поголем број на туристи. Овој совршен екосистем некако успеа да ги скроти сите сили на природата, па високите цени не можат да влијаат на патниците во светот кои бараат авантура. Исланд е вистински мал рај, суров, див и скап, но сепак рај.