Во просториите на НУБ Св. Климент Охридски во Скопје, утре и задутре, со почеток во 10 часот, по четврти пат ќе се одржи манифестацијата Стипендии ЕКСПО, во организација на Образовниот информативен центар од Скопје.
Манифестацијата на едно место ги собира универзитетите, министерствата, амбасадите и културните центри во Македонија, како и претставници на бројни компании, фондации и невладини организации, а нејзина главна цел е промовирање на огромното значење што стипендиите го имаат за отворање и зголемување на пристапот до високото образование.
Во интерес на студентите, повторно и оваа година, на самиот влез воведен е електронски систем за регистрација на посетители, кој им овозможува на институциите да стапат во директен контакт со студентите заинтересирани за стипендиските програми кои тие ги нудат.
Спонзори на манифестацијата Стипендии ЕКСПО 2013 се универзитетите: Politecnico di Milano, Universita Cattolica del Sacro Cuore, Аmerican College of Thessaloniki, HULT International Business School и Algonquin College.
Годинава учествуваат 26 учесници од 16 земји, Италија, Германија, САД, Холандија, Велика Британија, Шпанија, Турција, Србија, Австралија, Канада, Грција, Франција, Унгарија, Бразил, Кина и Обединети Арапски Емирати.
Свое обраќање на манифестацијата ќе имаат Канандскиот Амбасадор во Република Македонија, г-дин Роман Вашчук и претсетаделката на Образовниот информативен центар, Маја Петрушева.