Фолксваген предупредува на кинеска одмазда: Царините тешко би ја погодиле германската автомобилска индустрија

48

Неколку брендови на VW Group бележат значителна продажба во Кина, вклучувајќи ги Audi, Lamborghini, Porsche и Volkswagen.

Германија гласаше против дополнителните царини на ЕУ за кинеските електрични возила. Односно, на возила произведени во Кина. Но, тарифите беа изгласани.

Сега извршниот директор на групацијата Фолксваген, Оливер Блуме, предупредува на можна одмазда.

„Доколку тоа се случи, би се соочиле со значителни проблеми на кинескиот пазар. Затоа ние сме јасно против ваквите нови правила“, изјави Блуме за Bild am Sonntag.

Неколку брендови во рамките на групацијата VW имаат значителна продажба во Кина, вклучувајќи ги Audi, Lamborghini, Porsche и Volkswagen.

Ако Кина ги казни германските марки и воведе дополнителни царини за автомобилите од европско производство, тоа ќе биде удар за германската автомобилска индустрија која веќе е погодена од кризата.

Наместо тоа, Оливер Блуме сугерира дека кинеските производители кои инвестираат во ЕУ треба да бидат ослободени од царините.

Откако ЕУ привремено воведе царини во јули, неколку кинески автомобилски компании открија планови за преселување на фабриките во Европа.

На пример, BYD гради фабрика во Унгарија, додека Volvo (која е во кинеска сопственост) е во процес на префрлање на производството на електричниот автомобил EX30 во Гент, Белгија.