Руските златни резерви достигнаа рекордна вредност од 199,8 милијарди долари на крајот на септември, покажуваат податоците на Централната банка на Русија.
На почетокот на септември, инвестициите на Москва во резервите на злато се зголемија за 5,8 отсто, што резултираше со вкупните резерви во тој благороден метал да достигнат рекордна количина, пренесува Мина, повикувајќи се на Независне новине.
Во моментов уделот на златото во руските резерви е 31,5 отсто, што е рекорд во споредба со 1999 година, кога учеството на златото изнесуваше 32,1 отсто.
Најголемо учество на златото во вкупните резерви во Русија е забележано во 1993 година, кога изнесувало дури 56,9 отсто, а најниско во 2007 година – само 2,1 отсто.
Банката на Русија минатата недела објави дека девизните резерви на Русија според податоците за 1 октомври пораснале на 633,7 милијарди долари, додека еден месец претходно тие изнесувале 613,7 милијарди долари.