Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

81

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,50 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,40 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 147,80 на 148,30 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0975 долари, додека вчера во ова време беше 1,0980 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот остар пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,47 отсто, на 77,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,37 отсто, на 73,85 долари.