Производителот на автомобили Порше повлече 27.527 свои електрични седани во САД поради ризик од краток спој на батеријата, објави американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Според извештаите, повлекувањето се однесува на моделите Taykan на Porsche, кои се произведуваа од 2021 до 2024 година, пренесува Reuters.
Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатите додава дека потенцијалниот краток спој во високонапонска батерија го зголемува ризикот од пожар во автомобил.
Клиентите на Porsche во САД треба да контактираат со дилерите на автомобили кои ќе инсталираат дијагностички софтвер во возилата и ќе извршат бесплатни поправки доколку е потребно, се вели во соопштението.