Швајцарците не се откажуваат од готовина

Компаниите во земјата на сирењето и часовниците сè уште со задоволство прифаќаат готовина, а економијата има и една од највредните банкноти во светот

Огромното мнозинство швајцарски компании сè уште прифаќаат плаќања во готовина, покажува истражувањето објавено од Швајцарската национална банка (SNB).

Истражувањето е спроведено меѓу 770 компании, од кои 98 отсто рекле дека cè  уште прифаќаат пари во физичка форма, пренесува Ројтерс.

Фирмите во Швајцарија посочија дека клиентите сакаат да ја задржат опцијата за плаќање во готово и сметаат дека таа опција останува важна.

Банкнотата од 1.000 франци (1.166 американски долари) сè уште е во оптек во Швајцарија, која е една од највредните банкноти во светот.

Сепак, швајцарските транспортни компании планираат да ги намалат своите готовински приходи во иднина за да ги намалат трошоците за ракување со готовина.

Заклучоците од истражувањето се во спротивност со искуството на земји како Шведска или Норвешка, каде граѓаните и компаниите сè повеќе се префрлаат на безготовинско плаќање.

Според истражувањето на шведската централна банка од 2022 година, само 8% од Швеѓаните користеле готовина за неодамнешни купувања. Заедно со нивните соседи од Норвешка, тие ја делат топ листата во Европа за најмал број банкомати по глава на жител.