Пазар од три милијарди луѓе: Зошто нe купуваат половни автомобили?

177

Се чини дека азиската култура е нешто поинаква.

Купувањето половни автомобили е западен феномен. Во Кина, Индија и на Блискиот Исток, користените автомобили се опција за мал број возачи, според истражувањето на консултантската фирма Артур Д. Литл.

Додека мнозинството од испитаниците во САД (61 отсто) и Европа (52 отсто) велат дека ќе купат користен автомобил како нивен следен автомобил, уделот на купувачите на половни автомобили во Кина е само 1 отсто.

Уделот на купувачите на половни автомобили е исто така низок во Индија (4 проценти), Југоисточна Азија (7 проценти) и Саудиска Арабија (10 проценти), пишува Revijahak.

Според експертите, причината за малата побарувачка на половни автомобили во азиските економии во развој веројатно не треба да се бара само во тоа што  ново е новo и во способноста да си го дозволат.

Во многу земји пазарот на половни возила е недоволно развиен, односно нема доволно квалитетни возила на него.

Во Јапонија, уделот на купувачите на половни автомобили е само 20 проценти.

Азиската култура, исто така, се чини дека е нешто поинаква. Имено, се чини дека не е пожелно да се купи автомобил кој веќе бил во сопственост на друго лице.