Пет категории клиенти од кои мора веднаш да се ослободите доколку не сакате да пропаднете

154

Секој бизнис сака да собере што е можно повеќе клиенти за своите производи и услуги. Но, не сите клиенти се добри клиенти. Има и лоши, оние кои ќе ви ги „изедат“ вредните ресурси: пари, енергија и време. Како да знаете кога е време да се ослободите од клиентот кој ве чини повеќе отколку што вреди?

Магазинот Success ја претставува својата листа од пет категории клиенти со кои мора веднаш да ги прекинете врските.

Должниците

Тие никогаш не плаќаат на време и секогаш ви должат. Губете време и пари обидувајќи се да наплатите долгови од нив. Не верувајте во нивните изговори. Вие ризикувате да ги изгубите вашите пари ако тие одат во заплена или пред стечајна спогодба. На крајот на краиштата, вие водите бизнис, а бизнисот има правила.

Луѓе без интегритет

Интегритетот е еден од најважните квалитети на деловните лидери. Истото важи и за клиентите. Ништо добро не доаѓа од водење бизнис со луѓе без интегритет и тие можат да ја нарушат репутацијата на вашата организација. Важно е да знаете како да препознаете „измамник“.

Јадачи на време

Вие инвестирате многу повеќе од пари во бизнисот – исто така мора да го вложите вашето време. Ослободете се од клиентите кои го злоупотребуваат вашето време со постојано менување на спецификациите што им се потребни или никогаш не се задоволни со сработеното. Подобро трошете го вашето време на стекнување нови и подобри клиенти.

Досадни клиенти

Не толерирајте клиенти кои ве малтретираат и непочитуваат. Овие луѓе често предизвикуваат сцени што може да го нарушат искуството на другите ваши клиенти. Никој нема право да се однесува со вас со непочитување, ниту вашите вработени, ниту вашите клиенти, па покажете им ја вратата на оние кои не се однесуваат цивилизирано.

„Скржавец“ како категорија на клиенти

Тоа брзо ќе ви го исцрпи времето и вашиот профит. Тоа се клиентите кои секогаш сакаат нешто бесплатно или на голем попуст. „Скржавец“ не е тип на клиент кој би имал голема нарачка или стратешко долгорочно значење. Затоа, давањето попусти на таквите нема да ви донесе повеќе бизнис подоцна.