На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути се зголеми, приближувајќи се на највисокото ниво во последните два месеци.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 103,30 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,10 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,20 на 149,50 јени.
И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0905 долари, додека вчера во ова време беше 1,0925 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, драстично паднаа откако ОПЕК ги намали проценките за растот на побарувачката на нафта оваа и следната година, а Израел рече дека нема да одговори на неодамнешниот ирански напад со напад врз нафтените постројки во Иран.
Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово потона за 3,05 отсто, на 75,10 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 3,07 отсто, на 71,57 долари.