Цената на нафтата порасна – еврото ослабна

100

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,60 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,25 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,15 на 149,50 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0850 долари, најниско ниво во последните два месеци, додека вчера во овој момент беше 1,0890 долари.

Слабоста на еврото е последица на пазарните очекувања дека Европската централна банка на денешната редовна седница дополнително ќе ги намали каматните стапки, по трет пат годинава.

Цените на нафтата, пак, пораснаа и со тоа ги надоместија вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,35 отсто, на 74,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,40 отсто, на 70,65 долари.