Европско-македонскиот центар за знаење и иновации ЕМКИЦЕ денес во Скопје организира настан насловен како Awaking macedonian angel investmnent scenе, со кој ќе биде најавена Европската недела на бизнис ангели која ќе се одржи во 31 држава.
На настанот ќе се обрати претседателот на Европската мрежа на бизнис ангели, Пауло Андрес, кој за првпат доаѓа во Македонија, како и годинешниот добитник на наградата Angel оf thе year 2013 Душан Стојановиќ, кој по потекло е Македонец.
Настонот има за цел да ги промовира можностите за инвестирање во Македонија и да се подигне свеста за ко-инвестирачките фондови. Ќе се разговара за улогата на бизнис ангелите во економијата и за ко-инвестирачките фондови во малите и средните претпријатија.
Бизнис ангелите, кои инвестираат во поединци или компании преку поволни услови, имаат клучна улога во европската економија особено во делот на малите и средните претпријатија. Тие досега имаат инвестирано повеќе од пет милијарди евра годишно, односно 15 милијарди евра во 26 илјади компании.