Американскиот буџетски дефицит го надмина износот од 1,8 трилиони долари во фискалната 2024 година, бидејќи каматите на јавниот долг за прв пат надмина од билион долари, дополнително со зголемени расходи за социјалните програми и за војската, објави министерството за финансии на САД.
Во фискалната година која заврши на 30 септември, минусот во американскиот буџет е зголемен за осум отсто во однос на преходната фискална година и изнесува 1,83 трилиони долари.
Ова е најголем дефицит во историјата на САД , со исклучок во пандемискиот период кога во фискалната 2020 година изнесуваше 3,13 трилиони.
Дефицитот во фискалната 2024 година достигна износ од 6,4 отсто од БДП и е повисок за 0,2 процентни бода од фискалната 2023 година, пренесува „Хина“.