Францускиот производител на автоделови рече дека сега очекува обемот на продажба да се намали за четири до шест отсто во 2024 година, во споредба со претходната проценка во јули дека обемот ќе остане два отсто помал.
Мишелин ја намали својата прогноза за оперативниот приход на сегментот – клучна метрика за бизнисот – на околу 3,4 милијарди евра (3,67 милијарди долари) од претходната проценка од повеќе од 3,5 милијарди евра. Слободниот готовински тек, без спојувања и превземања, сега се проценува на повеќе од 1,7 милијарди евра, во споредба со повеќе од 1,5 милијарди евра претходно, пишува Seebiz.
Мишелин објави дека неговата продажба во првите девет месеци од оваа година се намалила на 20,17 милијарди евра од 21,15 милијарди евра во истиот период лани.
Глобалната побарувачка во сегментот на оригинална опрема на компанијата падна за три отсто на годишно ниво, главно поради послабата побарувачка во Европа, се вели во соопштението.
Во третиот квартал побарувачката се намали уште побрзо во Европа, Северна Америка и Кина.
Падот на пазарот во Европа е предизвикан од послабата куповна моќ на клиентите поради високите каматни стапки и неизвесноста за темпото на транзиција кон електрични возила, велат од Michelin.
Извршниот директор Флорент Менего рече дека стратегијата на компанијата продолжува да дава позитивни резултати, но Мишелин се соочува со спротивставени ветрови поврзани со геополитичките тензии и климатските промени.
– Сето ова има влијание на повеќето пазари, особено на оригиналната опрема. Ова се материјализира со значителен пад на нашиот обем на продажба и намалено производство во нашите погони – рече Менего.