Nvidia во четвртокот објави серија партнерства со големи индиски компании бидејќи американската компанија за чипови сака да ги зголеми операциите на еден од најголемите светски технолошки пазари.
Извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг, зборуваше за технологијата и напорите на компанијата во Индија на нејзиниот самит за вештачка интелигенција во Мумбаи – настан на кој присуствуваа суперѕвездата на Боливуд Акшај Кумар и најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани, претседател на Reliance Industries
Меѓу низата партнерства објавени по тој повод беше договорот помеѓу Reliance и Nvidia за изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција во Индија. Хуанг рече дека до крајот на годината Индија ќе има „20 пати повеќе компјутери“ отколку пред нешто повеќе од една година, мислејќи на компјутерската моќ на земјата.
„Индија порано беше земја која произведуваше софтвер. Индија во иднина ќе извезува вештачка интелигенција“, рече Хуанг.