Кинезите продаваат билети за туристички летови во вселената во 2027 година

100

Кинеската стартап компанија Deep Blue Aerospace објави дека ќе започне со продажба на билети за летови на ракета која ќе ги однесе патниците во вселената во 2027 година.

Според извештаите, патниците заинтересирани за туристички лет во вселената ќе треба да издвојат 1,5 милиони јуани или околу 195.400 евра за тоа искуство.

Станува збор за суборбитален лет, што значи дека ракетата ќе влезе во вселената, но не и во орбитата на Земјата.

Ракетите за повеќекратна употреба се клучни за намалување на високите трошоци за лансирање, а со тоа и трошоците за комерцијален вселенски туризам, додава Dip Blue Aerospace.

За туристички летови во вселената се заинтересирани и други кинески компании, како што е CAS space, кој сака да организира комерцијални летови во вселената до 2028 година.