Ново градежно чудо во Дубаи: Супер тенок облакодер широк колку само еден стан!

80

Во Дубаи, градот познат по своите спектакуларни градежни проекти и луксузниот начин на живот, се подготвува изградба на една од најнеобичните згради во светот наречена Мураба Веил.

Мураба Веил ќе биде импресивен облакодер висок 380 метри, но она што го издвојува не е само неговата висина, туку и ширината од само 22,5 метри.

Луксузни апартмани и уникатни капацитети
Сепак, Мураба Веил ќе има 131 станбена единица, со разновидни распореди од две до пет спални соби. Секој стан ќе се простира на целата широчина на зградата, со што ќе се обезбеди максимална искористеност на просторот.

Инспирирани од традиционалните арапски куќи, апартманите ќе бидат  збогатени со зеленило што создава сенка, што ќе создаде природна и пријатна атмосфера во внатрешноста на модерната зграда.

Но луксузот на Мураба Веилне завршува тука. Зградата ќе нуди низа ексклузивни удобности за своите жители, вклучувајќи приватен спа центар, ресторан, галерија, терен за падел и кино.

Зад овој иновативен проект стои шпанската архитектонска фирма RCR Arquitectes, добитник на престижната награда Прицкер. Цените на становите ќе  започнуваат од 4,9 милиони долари.