Градови во Европа кои имаат најскапи кирии – цени над 3.000 евра

25

Врз основа на податоците на Euronews и Rightmove, просечната кирија во Лондон порасна на неверојатни 3.220 евра месечно.

Лондон е прогласен за најскапо место за изнајмување во Европа, пишува Крстарица.

Врз основа на податоците од Euronews и Rightmove, просечната кирија во Лондон порасна на неверојатни 3.220 евра месечно – за 2,5 отсто повеќе во однос на минатата година.

На второ место е Амстердам, каде месечната кирија за еднособен наместен стан чини 2.275 евра. Холандските градови се истакнати на оваа листа, а меѓу првите 10 се Ротердам, Хаг и Утрехт.

Најскапите градови за изнајмување во Европа:
Лондон, Велика Британија: 3.220 евра

Амстердам, Холандија: 2.275 евра

Рим, Италија: 2.000 евра

Париз, Франција: 1.862 евра

Ротердам, Холандија: 1.795 евра

Хаг, Холандија: 1.790 евра

Минхен, Германија: 1.770 евра

Утрехт, Холандија: 1.746 евра