Доларот ослабе, цената на нафтата благо падна

86

На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 104,28 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,55 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 153,80 на 153,10 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0815 долари, додека вчера во ова време беше 1,0790 долари.

Цените на нафтата, пак, продолжија да се намалуваат откако вчера потонаа за повеќе од 5 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,13 отсто, на 71,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,15 отсто, на 67,28 долари.