Трговскиот дефицит на САД во септември се зголеми на 108,2 милијарди долари

94

Дефицитот на САД во трговијата со стоки значително се зголеми во септември, од 94,2 милијарди долари во август на 108,2 милијарди долари, објави  Американското биро за попис.

Ова е најголемиот трговски дефицит на САД од март 2022 година, се додава во соопштението.

Според извештаите, вредноста на американскиот увоз се зголеми за 3,8 отсто на 282,4 милијарди долари месечно.

Увозот на стоки за широка потрошувачка бележи месечен пораст од 5,8 отсто, исто така и увозот на капитални производи за 3,1 отсто, индустриски производи за 3,8 отсто и храна и пијалаци за 4,6 отсто.

Спротивно на тоа, вредноста на американскиот извоз на стока месечно се намали за два отсто на 174,2 милијарди долари.

Месечниот извоз на стоки за широка потрошувачка е намален за 6,3 отсто, на капитални производи за 3,3 отсто, на индустриски производи за 2,5 отсто.