Германската економија забележа изненаден квартален раст од 0,2 отсто во третиот квартал од 2024 година, според првата прелиминарна проценка, поради растот на јавната и приватната потрошувачка.
Економистите анкетирани од агенцијата Ројтерс очекуваа спротивен развој на ситуацијата, односно квартален пад на германскиот БДП за 0,1 отсто.
Германија претходно забележа пад на БДП од 0,3 отсто во вториот квартал од 2024 година, а два негативни квартали по ред би значеле дека земјата паднала во техничка рецесија, пишува економскиот неделник Wirschaftsvohe.