Трамп: Или ќе се вратат или ќе платат

71

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вети дека ќе ги врати американските бизниси во САД, ветувајќи економско заживување доколку биде реизбран.

Трамп ги обвини поранешните лидери од „нашата страна“ (САД) што им дозволиле на компаниите да се преселат во странство, велејќи дека нивните одлуки ги повредуваат американските работници.

Трамп, исто така, предупреди дека компаниите кои работат во странство ќе се соочат со значителни царини доколку не се вратат.

Сите ќе се вратат, или ќе мора да платат царини за кои никогаш порано не ни помислувале – им порачал на своите поддржувачи во Пенсилванија, пренесуваат светските медиуми.

– Ја имавме најдобрата економија во историјата. Ќе ја направиме уште подобра – рече тој.