Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

161

Hа валутните пазари, вредноста на доларот продолжи да расте во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,01 поен, блиску до највисокото ниво од мај, додека вчера во овој момент изнесуваше 105,59 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,50 на 154,85 ​​јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0595 долари, најниско ниво за речиси една година, додека вчера во ова време беше 1,0640 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава зајакна за 0,25 отсто, на 72,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,22 отсто, на 68,25 долари.