Европските берзански индекси се главно во пад, како и цените на нафтата и златото

68

Европските и американските берзански индекси денеска се претежно во пад, како и цените на нафтата и златото, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цената на пченицата.

Индексот на Франкфуртската берза DAX денеска во 9:20 часот падна на 19.160,55 поени, британскиот FTSE 100 на 8.044,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.257,64 поени, а московскиот MOEX се искачи на 2.706,91 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 67.705 долари, а на нафтата „брент“ на 71.536 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 46 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.565,78 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 5,3215 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,05583, што е за 0,27 отсто повисока од вчерашните вредности.