Зеленчукот за една година поскапел за речиси 50 проценти

42

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), цените на зеленчукот во октомври годинава се зголемиле за 47,7% во споредба со истиот месец минатата година. Цените на овошјето пораснале за 6,8%, а виното поскапело за 14,6%.

Од друга страна, цените на житарките, како пченица и ориз, се намалиле за 11%, а на компирот за 3,9%.

На страната на трошоците, најголемо зголемување е забележано кај ветеринарните услуги (9,5%) и одржувањето на опремата и зградите (6,4%). Намалување има кај ѓубривата (6%) и кај енергијата и семињата (7,4%).

Овие податоци ја покажуваат динамиката на цените и различните трендови во земјоделскиот сектор.