Благ пораст на цената на нафтата

52

Сировата нафта благо поскапе на денешното тргување по ескалацијата на воениот конфликт меѓу Украина и Русија.
Загриженоста за побарувачката во Кина и прогнозите за презаситеност на нафтата на глобалните пазари, исто така, продолжуваат да влијаат на расположението на пазарот, според Ројтерс.
Барел нафта од 159 литри за испорака во декември беше 67,20 долари до попладневните часови по Сингапур, што е за 18 центи повеќе од петокот. Северноморската нафта „брент“ за испорака во јануари поскапе за 29 центи на 71,33 долари.

Во неделата, руската војска го изврши најголемиот напад со ракети и беспилотни летала од септември против енергетската мрежа на Украина, откако американскиот претседател Џо Бајден ја овласти Украина да користи ракети со долг дострел за напад на воени цели на руска територија. Кремљ не реагираше веднаш, но предупреди дека намалувањето на ограничувањата за употреба на американско оружје во Украина ќе се смета за голема ескалација на конфликтот.