Американските економски експерти се крајно песимисти и стравуваат од зголемување на политичката нестабилност, како и од влошување на меѓународните економски односи, покажа истражувањето на минхенскиот институт за економски истражувања (ИФО).
Истражувачот на IFO, Никлас Потрафке, рече дека политичките несигурности претставуваат ризик за инвестициите и може да доведат до пад на економскиот раст.
„Американските економски експерти веќе една година се многу песимисти. Тие се многу позагрижени од експертите од другите земји дека нивната земја ќе стане политички понестабилна“, рече Потрафке.