Биткоинот достигна рекордни 97.000 долари – нов историски врв

36

Биткоинот за прв пат ја премина границата од 97,000 долари, сè уште поттикнат од „ефектот на Трамп“, бидејќи пазарот очекува пофлексибилно законодавство и економски политики кои би биле поволни за него под новата американска влада. Во моментот на пишување според податоците на Coin desk цената на биткоинот изнесува  97.089 долари.

Криптовалутата со најголема пазарна капитализација го премина тој праг околу 01:24 часот по Гринич, поставувајќи ново рекордно високо ниво од 95,004,50 долари пред да се тргува за 94,907 долари малку подоцна.

По победата на Доналд Трамп на 5 ноември, вредноста на биткоинот се зголеми за околу 35 проценти.

Откако го надмина својот рекорд од март, на 10 ноември, дигиталната валута ја зголеми вредноста над 80,000 долари, а на 13 ноември надмина 90,000 долари.