Евростат: Уловот на риби во ЕУ опаѓа веќе шест години

17

Вкупиот улов на риба во Европската Унија во 2023 година се проценува на 3,3 милиони тони од седум морски подрачја. Со ова продолжува трендот на намалувањето на уловот од 2018 година, кога изнесуваше 4,6 милиони тони.  објави Евростат.

Во 2023 година во Шпанија се уловени 21 отсто или 698.000 тони, во Данска 15 отсто(495.000 тони) и во Франција 14 отсто од вкупниот улов на риба  или 470.000 тони.

Околу 72 отсто од вкупниот улов во ЕУ е остварен во областа на североисточниот Атлантик. Во Средоземното и во Црното Море се уловени 10 отсто. Италијанските рибари уловиле 37 отсто, Грција со 20 отсто, Хрватска со 18 отсто и Шпанија со 17 отсто, пренесува „Политика“.