На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна и минатата недела, трет пат по ред, при што еврото падна на најниско ниво од ноември 2022 година. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,8 отсто, на 107,49 поени, највисоко ниво за повеќе од една година.
Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот падна за 1,1 отсто, на 1,0420 долари, а во еден момент се спушти на 1,0333 долари, најниско ниво во последните две години. Американската валута зајакна и во однос на јапонската, за 0,3 отсто, па нејзиниот курс достигна 154,75 јени.
Јакнењето на доларот трета недела по ред е резултат, меѓу другото, на пригушените очекувања дека американската централна банка ќе продолжи со агресивното намалување на каматните стапки. Последните макроекономски податоци потврдија дека американската економија солидно расте, дека пазарот на трудот е стабилен, а инфлацијата и натаму е значително над целното ниво од 2 отсто.